2win800x200

Илиевска ја прекина седницата на Совет, ВМРО-ДПМНЕ избра друг претседавач и ја продолжи

Април 20, 2023

Несогласувањата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку кои се дел од советничкото мнозинство во Советот на Општина Битола достигнаа кулминација. Претседателката на Советот Габриела Илиевска која доаѓа од редовите на Поинаку денес ја прекина седницата на Совет, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Дуи останаа на седница и беше избран друг претседавач. По ова беше обезбеден кворум таа да продолжи, а советниците од ВМРО-ДПМНЕ ги изгласаа завршните сметки на јавните претпријатија.

„Бидејќи имаше прекин седницата, а претседателката не̍ информираше дека ја прекинува седницата согласно член 65, поради дополнителни консултации кои и се потребни за поднесените материјали. Се повикавме на член 56 од Деловникот за работа на Советот, во случај на спреченост на претседателот седницата да ја продолжи најстариот член, односно да се донесе одлука за избор на претседавач на седницата“, рече коориднаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и заменик градоначалник Бојан Бојкоски.

По ова Одделението за координација при Општина Битола соопшти дека до крај не беа исполнети условите за прекина на самата седница. беше избран највозрасниот меѓу советниците, Марица Тодоровска од ВМРО-ДПМНЕ која продолжи да преседава со седницата.

Илиевска се огласи на интернет соопштувајќи дека ја прекинала седницата согласно член 65 од деловникот за работа, бидејќи 11 колеги од СДСМ ја напуштиле истовремено.

„Како претседател на Совет сакав да ја утврдам причината за напуштањето и да направам дополнителни консултации преку одржување на координација со претставници од сите советнички групи, а се со цел нормално функционирање на Советот и носење на легитимни одлуки за граѓаните на Битола. Но очигледно договорите помеѓу ВМРО Дпмне и Сдсм се посилни и побитни од битолчани“, соопшти Илиевска.

Пред таа даја прекине  седницата, си заминаа и советниците од СДСМ не сакајќи да учествуваат во расправа и гласање на завршни сметки на јавни претпријатија за кои рекоа дека повеќето имаат загуби.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани