2win800x200

Кристиан Стојани втор на меѓународна трка во Германија

Мај 01, 2023

Викендот на победи на АК ОЛИМП не заврши.

 
На вчерашното 33. издание на уличната трка Еckernförder MTV во Германија, нашиот битолски АК Олимп-Супер Стар Кристиан Стојани се искачи на пиедесталот, освојувајќи 2 место и соборувајќи го личниот рекорд на 10К.
 
На перфектна  патека сертифицирана од Германска атлетска асоцијација, тој беше втор од вкупно 200 натпреварувачи со нов личен рекорд од 32:48 
 
“Секој кој што се занимава со атлетика барем во нашите простори знае колку многу значи рушењето на границата од 33минути. Земајќи го во предвид фактот дека пролаз на 5км имав 16:10 не се ни сомневам во совладување на уште една атлетска бариера 5км под 16минути”-ни изјави Стојани.
 
За кратко го очекуваме на наш терен, во Македонија да ја покаже својата атлетска форма на трките на кои ја започна својата кариера.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани