АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ова е Македонија на заедништво и нов заеднички патриотизам на рамноправни. Нашата борба е за европски вредности базирани врз меѓусебно почитување и самопочит. Нашата борба е вредности, идеал и кауза. Нашата борба е да ја обновиме Македонија. Промените да победат, за заедничката иднина, а промените ќе дојдат”, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Битола во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”.
Мицкоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ се бори за мнозинство во парламентот од 61 пратеник.
– Ќе имаме три опции на следните избори. Tоа е оваа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, втората опција е коалицијата на ДУИ, помалиот партнер СДСМ и неколкумина измеќари кои ќе се обединат околу двоецот Зечевиќ – Ковачевски и третата, најопасната, се оние кои со евтин популизам и договорен патриотизам ќе излегуваат и ќе се обидат да го поделат македонскиот гласач и да ја намалат победата на ВМРО-ДПМНЕ да не дојде до 61 пратеник. Зошто ? Затоа што на тој начин ќе ја зајакнат позицијата на Али Ахмети и ДУИ во процесот на преговори, а ние не сакаме со нив Влада, ние сакаме Влада без Али Ахмети и ДУИ затоа треба да излеземе масовно – рече Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го повика Димитар Ковачевски на ТВ соочување за македонските граѓани да ги видат фактите за договорот за дел од коридорите 8 и 10д, „да видат граѓаните како се трошат народните пари, а штом од власта се фалат дека тој договор е добар, нема потреба Ковачевски да бега“.
– Народот сам нека процени кој е крадецот, а кој е кочничарот, ама на крадецот на тој што лаже му се кратки нозете, а и срцето му е мало и не очекувам одговор од кукавица – рече Мицкоски.