2win800x200

Битола ќе добие нов кружен тек на улиците „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов"

Мај 05, 2023

Општина Битола е подготвена за реализација на уште еден голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор со изведувачот „Јоска транс“, наскоро ќе започнат работните активности со кои Битола ќе добие нов кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица). Предвидените средства за оваа намена се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување. Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек на која ќе биде поставен и споменикот на Александар Турунџев.

Ова е уште еден од инфраструктурните проекти, кои ги најави градоначалникот Тони Коњановски за 2023 година, меѓу кои е и изградбата на патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел на општината во должина над 21 километар, од кои за коловоз планирани се  240.751.474 денари. Во моментот веќе се работи на улиците „Зборска“, во населбата Недопирливи, пешачка патека во должина над 1 километар кон Долно Оризари, партерно уредување кај Офицерскиот дом на површина од 2100 метри квадратни, а во тек е и првата фаза од адаптацијата на објект за ветеринарна заштита на кучиња скитници.

Линк до изгледот на новиот кружен тек согласно изготвениот проект 

https://wetransfer.com/downloads/d1bf59ab01ae640967c15b5f745168b220230505131038/8db23f94bbca2293f2d56e3aa3371ee620230505131053/fa1b01

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани