2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

БИТ ФЕСТ ќе се отвори со спектаклот „Вива Верди“, а програмата ќе ги вклучува традиционалните настани и манифестации

Јуни 07, 2023

15. издание на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ оваа година ќе започне на 23 јуни со спектакуларен настан на Хераклеја, но програмскиот концепт, главно ќе вклучува традиционални настани и манифестации, рече градоначалникот Тони Коњановски. 

„Годинава, на прагот на отворањето на 15 то издание на Битолското културно лето, соочени сме со бројни критики, од страна на одредени советнички групи, чии членови иако најчесто беа во првите редови на културните настани, сепак културата најмногу ја критикуваат и осудуваат. Тоа говори, дека ваквиот пристап на Советот, нема да дозволи, проширување на средствата потребни за реализација на сите планирани настани за БИТ ФЕСТ 2023, што значи дека Комисијата би се доведила во непријатна ситуација на избор помеѓу приближно еднакво ниво на квалитет.

Продолжувајќи со транспарентноста и одговорноста пред граѓаните, сите културни уметници и изведувачи, одлучивме, овогодишниот концепт на БИТ ФЕСТ да го реализираме, во рамките на одобрените средства од Советот, за што, започнуваме на 23 јуни во 21.00 часот во античкиот локалитет Хераклеја со спектакуларен настан насловен „Вива Верди“ со повеќе од 130 учесници: симфониски оркестар, хор, оперски солисти...кои ќе ги изведат најубавите извадоци од најпопуларните опери на Џузепе Верди како: Травијата, Аида, Моќ на судбината, Набуко, Риголето и др. Како солисти на концертот ќе се претстават: Горан Начевски, Наде Талевска, Кристијан Антовски, Марија Наумовска, Нико Ѓоргиевски и прекрасниот сопран - Зана Абази Рамадани“, рече Коњановски. 

345479865 960538045153021 3291574172234301515 n

Понатамошниот програмски концепт, ќе ги вклучи веќе одобрени проекти на традиционалните културни манифестации, како: Солстис, Битола отворен град, Битола Шекспир фестивал, Локум фест, Незаборав, Илинденски денови, за на крај на август повторно во духот на културата која ја негува Битола, да имаме затворање на фестивалот со настан каков што доликува.

„Тука посебно сакам да им се извинам на сите уметници кои покажаа интерес да настапат на Битолското културно лето, но недостатокот на поддршка од Советот, ги ограничува и финансиските ресурси кои општината треба да ги издвои и реализира за висококвалитетните музичко сценски и уметнички настани, како и за дополнителна офф програма, што би значело фестивалска поддршка и за алтернативната сцена и младите уметници од нашиот град.

Со овој концепт, верувам дека и ова лето повторно, сите заедно, културните институции од Битола и нашите изведувачи, ќе успееме да го задржиме вниманието на публиката, на големиот број гости кои ја посетуваат Битола во летниот период, на нашите битолчани и сите заедно, на крајот и на ова издание на БИТ ФЕСТ, со суперлативи ќе зборуваме, за уште едно успешно издание, реализирано во доста тешки политички услови“, рече Коњановски. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани