2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отворен Бајк паркот Смолево

Јули 02, 2023

Во рекреативната зона, во месноста Смолево, денес официјално беа отворени патеките на „Бајк парк Смолево“, наменети за возење на сите возрасти, почнувајќи од 5 години, па до над 60 години. „Бајк парк Смолево“ има четири патеки: за искачување која е лесна и има 5 проценти нагорнина, патека за слегување со велосипед, пешачка патека и патека со која ако некој не успее да се искачи да дојде брзо до слегувачката патека некаде на средина. Стартот и целта се кај манастирот “Св. Атанасиј“ кај Смолево.

Од денес, патеките се во владение на Општина Битола, додека одржувањето ќе биде во соработка со клубот. На денешното отворање на патеките, за реализацијата на проектот и за неговото значење, зборуваше и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски:

„Сакам да изразам благодарност до клубот 'Extreme Bike Team' кој го изгради 'Бајк парк Смолево' кој според она што го кажуваат е еден од најдобрите во регионот, а тоа го потврдија и инженери од Словенија кои работеа на него. 'Бајк парк Смолево' е голема работа за која ние како Општина Битола ќе се грижиме за редовно одржување. Ова се прави со голема љубов, со голем ентузијазам за што пак ќе повторам им се заблагодарувам на сите кои беа вклучени во изградбата, на членовите на клубот, нивните пријатели и волонтерите кои помагаа. Се надевам дека сите битолчани, вклучувајќи ме и мене ќе бидеме тука да рекреираме“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање пред присутните на денешниот настан.

Носител на проектот за изградба на патеките е „Екстрим бајк тим“, а истиот е финансиран и одобрен од Министерството за локална самоуправа, додека партнери во реализацијата се Општина Битола и Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Македонија. Како изведувачи на терен беа вклучени и имплементатори од Словенија.

бајк2

бајк3

бајк4

бајк5

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани