2win800x200

Битола не заборава - 60 години од смртта на Благој Петров-Караѓуле

Јули 25, 2023
Караѓуле

Златното грло на Битола и Македонија, Благој Петров-Караѓуле, битолчанец, македонски оперски пејач, баритон, естраден уметник,  пред 60 години загина во катастофалниот земјотерес во Скопје на 26 јули 1963. Караѓуле е роден 1924 година во Битола, во 1949. г. дебитирал на сцената на Операта на МНТ со улогата на Маркизот во операта Травијата. Остварил повеќе од 15 улоги, мегу кои позначајни се: Зорз Зермон (Травијата), Папагено (Волшебната флејта), Родриго-Поза (Дон Карлос), Фигаро (Севилскиот бербер), Ренато (Бал под маски). Поседувал сонорен глас, изразита музикалност и сценски шарм. Исто така е познат и како одличен изведувач на македонски народни песни. Тој беше соработник со Никола Бадев, Васка Илиева, Александар Сариевски, Кочо Петровски (хармоника), како и неговата сестра Блага Видев. 

Караѓуле живееше во Скопје кај денешната зграда на поштата каде имало покриен пазар - пасаж, а неговиот стан бил над приземјето во станбениот комплекс. Зградата била разорана за време на скопскиот земјотрес. Во МНТ останал сè до трагичното загинување во летото 1963.

Во истражувачката работа на авторот на проектот „Незаборав“, Панде Димитровски, во архивите ставен е и ликот на Благој Петров Караѓуле, односно за неговото музикално семејство, меѓу кои се сестрата Блага Видев и внуката од сестра Виолета Крнчева Томовска. А списокот на потомството на Караѓуле кои продолжиле по неговите стапки е многу долг, вели продуцентот Димитровски и приказната за Караѓуле ја најавува за некое од наредните изданија на „Незаборав“ Битола.

А.Б

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани