2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Да се откријат и казнат вистинските виновници кои го колабираа битолското образование

Јули 26, 2018

Долговите за струја на поголемиот дел битолски училишта кои деновиве беа исклучени од ЕВН се наталожени од март 2017 година. Состојбата не е нова, но е поразителна зашто неплатените сметки се провлекуваат од времето на претходната локална власт до денес. Нема точна информација колкав е вкупниот долг, но неофицијално дознаваме дека изнесува околу 100 000 евра. Меѓу уличиштата има и такви кои седум години не плаќале струја за време на претходните директори.

Струјата не е единствената давачка која школите не ја подмирувале редовно, а биле со години толерирани. Во некои од нив вода не е платена од 2008 година.

Според дискусиите на седниците на Совет, долговите за комуналените услуги се над 472 000 евра. Збирно долгот на битолското образование е 4,5 милиони евра. Само за бесплатниот превоз вкупниот долг на основните училишта е 1,1 милиони евра, а на средните 568 000 евра.

Од 18 битолски училишта, десетина се со блокирани сметки. На почетокот од 2017 година долгот на Медицинското училиште изнесуваше 20 милиони денари, на „Крсте Петков Мисирков“ 15 милиони денари, на „Таки Даскало“ 11 милиони денари, на „Коле Канински“ исто така 11 милиони денари...Чест на исклучоците кои добро ги воделе школите. 

Иако состојбата беше загрижувачка и општо позната, и покрај големите долгови, се случуваше во одредени улилишта претходната општинска власт да ги назаначува истите директори од доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ до заминувањето. На директори кои обавиле два директорски мандати во образована институција, незаконски им се доделуваа решенија од страна на екс градоначалникот за в.д. директори. Состојбите предизвикуваа жолчна дискусија во Советот, но советниците од Комисијата за финансии велеа: „Долгот има тенденција на намалување , како проблем останува и понатаму и никој не бега од него, начини за решавање уште се бараат“.

Но, не најдоа. И покрај тоа, освен за „Транспортер“’ досега не се покренати други пријави и тужби за ваквата состојба. Ни полиција, ни обвинителството не презело мерки за да се откријат виновниците кои го колабираа битолското образование и да платат за штетата што ја нанесоа. Никој не одговара и за тоа што дел од долговите се плаќале незаконски со цесии.

Општината во име на училиштатат ги подмирувала обврските кон добавувачите, а доколку новата локална власт продолжеше со тој начин на плаќање, тоа би значело продолжување на безаконското работење. Од друга страна доколу се префрлат парите на сметките на училиштата, поради извршните решенија ќе завршат кај превозниците наместо во ЕВН. Така едно битолско училиште за извршни решенија за превоз во 2016 година платило дури 200 000 евра,а каматите достигнуваат и 40 проценти од главниот долг.

Општината Битола за надминување на ситуацијата која е многу комплицирана се обрати до државните власти. Останува да се види каква помош ќе пристигне, со оглед на тоа дека и премиерот Зоран Заев при посетата на Општината вети дека ќе помогне во изнаоѓање на решение за пресекување на овој Гордиев јазол.

Но, лицемерно е оние кои ги направија долговите, го колабираа образованието, да ја обвинуваат локалната власт. Воедно не е оправдување тоа што долговите се таложеле, а образовниот процес течел непречено. И сега не е запрена работата на школите, учениците се на распуст. Но, неопходно е со изнаоѓањето на решенија, да се откријат и одговараат вистинските виновници за грабежот во битолските училишта. Така народот ќе научи дека да се биде на раководна позиција во државна институција не значи да немаш одговорност за постапките што ги преземаш.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани