АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прекинот на електричната енергија што поради дефект се случи синоќа во Битола, не беше пречка за аргентинскиот композитор и пијанист Маурици Анунциата да го одржи својот пијано рецитал во битолскиот Завод и музеј.
Во првиот момент по исклучувањето на струјата, публиката регаираше разочарано, очекувајќи дека тука ќе заврши настанот, но Анунциата веднаш им предложил сите да ги вклучат мобилните телефони, а вработените во Завод и музеј ги собрале сите свеќи што се нашле во институцијата, по што Анунциата го продолжил концертот.
Неговата професионлност и вештина, предизвика силни емоции и голем аплауз од присутните, а неочекуваната ситуација не го деконцентрираше врвниот пијансист да напарви исклучителна атмосфера.
Со изведбата на делата од Алберто Вилијамс, Енрике Гранадос, Франц Лиц и други, како и „Двете страни на Буенос Аирес“ и Пијано соната бр.8 „Македонија“, уште еднаш го потврди она што медиумите во Швајцарија, Шпанија, Аргентина, го пишувале за него, дека „неговото техничко мајсторство, убавина и експресивност на идеи, ја достигнува висината на големите европски национални школи, а неговата оригиналност во музичкиот израз, секогаш знае да го привлече вниманието на публиката, која експлодира со силен аплауз“
Анунциата е композитор автодидакт. Дипломирал компјутерски науки на Универзитетот во Аквила во Италија со тезата „Автоматски систем за музичка анализа" и создал нов, сеопфатен модел на уметничка форма - лирска опера мултимедија.
Анунциата добил почести од неколку влади, а неговата опера „Енигма на афро-аргентинците“ (The enigma of the Afro-argentineans), од УНЕСКО е прогласена за опера од светски интерес.
Гостинот од Аргентина компонирал 150 дела, вклучувајќи симфонии, концерти, опери, камерна музика и многу композиции за пијано и филмска музика.