2win800x200

За една недела три несреќи, колку се безбедни електрични тротинети?

Август 14, 2023

Утрово кај Бит – пазар автомобил удрил во електричен тротинет, по што возачот на тротинетот се здобил со повреди.

За само една недела ова е трет случај само во Скопје, каде возачи на тротинети учествувале и се повредиле во сообраќајни незгоди.

На 11 август на крстосницата од ул.„808“, ул.„15 корпус“ и бул.„Киро Глигоров“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(57) од Скопје и електричен тротинет управуван од В.Т.(28) од Скопје.

Два дена претходно, на 7 август на крстосница во близина на Соборниот храм, автомобил марка „Ауди“ удрил во возач на електричен тротинет.

Но освен со автомобили, летово е забележен и случај кога електричен автомобил удрил во пешак, по што пешакот, 69 годишна жена се здобил со повреди.

По последните инциденти поврзани со електричните тротинети, се поставува прашањето колку овие превозни средства се безбедни и дали истите со возат согласно законски прописи?

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, управувач на електричен тротинет може да биде лице кое наполнило 14 години, а возачот не смее да превезува други лица на него.

Во однос на брзината на движење на велосипедска лента на тротинетите, таа не смее да биде поголема од 25 километри на час, додека пак на пешачка патека истата не смее да биде поголема од шест километри на час.

За прекршување на одредбите од Законот, предвидени се казни од 50, па се до 120 евра.

Според овој Закон, за речиси две години (од стапувањето на сила на измените) казнети се над 90 возачи на тротинети, а исто толку лица се повредени во сообраќајни несреќи.

Заради економичноста овој вид на превоз како во светот така и во Скопје стана многу популарен, но недостигот од сообраќајна култура и почитување на законските прописи го прават електричниот тротинет едно од најнебезбедните превозни средства.

И додека кај граѓаните проработи свеста за одговорно однесување во сообраќајот, МВР ќе има зголемен обем на работа за да воведе ред со возачите на електрични тротинети.

https://24info.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани