2win800x200

Се запира постапката за спорната седница на Советот на Битола за која следеше инспекциски надзор

Септември 07, 2023

Се запира постапката за спорната 26 седница на Советот на Општина Битола за која следеше инспекциски надзор од  Државниот инспектор за локална самоуправа.

Денес, до градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, доставено било известување од страна на Државниот инспекторат за локална самоуправа, во кое се наведува дека од наодите на извршениот контролен инспекциски надзор, за спорната 26 седница на Советот на Општина Битола, за нив овој случај е завршен и дека се ЗАПИРА покренатата постапка.

Ова било  утврдено по разговорите со претставниците на општина Битола, градоначалникот на општината и претседателот на Советот, како и со одговорното лице за работа на Советот, во согласност со законските надлежности.

Од страна на претседателката на Совет Габриела Илиевска беше постапено согласно укажувањата, односно веќе беа потпишани актите (четири) донесени на седницата одржана на ден 20.04.2023 година и истите се објавени во Службениот гласник на општина Битола бр.06/2023 година, доставен до Државниот инспекторат за локална самоуправа на ден 07.06.2023 година. Со ова се потврдува дека претседателката Илиевска иако го обжали решението од Државниот инспектор за локална самоуправа, сепак постапи по укажувањата во опомената од Инспекторот, што се потврди и при контролниот инспекциски надзор.  

Имено, после жалбата на претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска, на решението на Државниот инспектор за локална самоуправа и донесеното решение од Второстепена комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка, за поништување на Решението со опомена до претседателот на Советот на општина Битола, донесено од страна на Државниот инспектор за локална самоуправа и враќање на предметот на повторна постапка, на ден 30.08.2023 се изврши контролен инспекциски надзор во општина Битола.

Целото решение може да се погледне на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани