АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Изложбата на карикатури на познати личности од Битола на авторката Кети Радевска позитивно одекна во битолската јавност. Вчера во кафе бар „Везилка“ Радевска ги претстави 36 карикатури на личности од јавниот и забавниот живот кои оставиле свој печат во градот. Изложбата на Радевска е оцената како значаен, но воедно и редок настан во Битола и се случува после 53 години во градот од последната изложба на портрет карикатури на авторот Панде Петровски.
„Задовона сум од досега стработеното и позитивните критики, продолжувам да работам на нови карикатури, вели Радевска. Продуцентот Панде Димитровски кој доби својата карикатура од Радевска, вели дека наши од дијаспората веќе се заинтересирале и побарале да нарачаат своја портрет карикатура.
Радевска е познат наш карикатурист и ликовен уметник која повеќе од три децении успешно твори. Нејзините карикатури се објавувани во списанијата „Остен“, „Без навреда“ , „Битолски весник“ и други весници.
Петар Георгиев Калица
Панде Димитровски
Петар Ставрев и Александар Стерјев
Сефедин Бајрамов
Виолета Томовска
Валентин Соклевски
Анастасија Кокан Петровска и Сефедин Бајрамов
А. Блажевска