АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската актерка Илина Чоревска ја доби наградата за најдобра женска улига на 20 Фестивалот на античка драма Стоби во Велес за улогата Медеја во претставата “My name is Medeja”, режија на Себастијан Хорват, а во продукција на Н.У. Народен Театар Битола. Вака едногласно одлучи жири комисијата на фестивалот во состав: Јордан Витанов, актер, Љупчо Георгиевски, режисер и Катерина Момева, драматург.
„Неизмерно сум среќна што во градот на моите претци, на мојот дедо ја добивам оваа награда, јас сум потомок на Трајко Чоревски. Претходната награда Војдан Чернодрински ја добив во градот на мојот друг дел од семејството, еве некако го заокружувам тој пат.Благодарна сум на фестивалот што нашата претстава се одигра на јубилејното издание на фестивалот, благодарна сум на жирито што ја додели наградата која ќе ја носам длабоко во мене во срцето и ќе ме поттикне понатаму да работам уште повеќе и уште подетално. Им благгодарам на Себастијан и Милан што ми ја дадоа шансата јас да бидам таа нова Медеја која ќе го одбележи годинешниот фестивал, им благодарам на мојот театар и директорот Иван Јерчиќ кои ни оставаат простор да бидеме автентични и свои и да градиме улоги како што е мојата Медеја. Им благодарам на сите мои колеги кои ме поддржуваат, но и на оние кои не ме поддржуваат заради тоа што правењето на една улога доаѓа од различни правци. Оваа награда е за мајка ми со која поминавме една пеколна година“, рече Чорвска.
Исто така специјална награда за оригинално драматуршко толкување и авторство се додели на Билјана Крајчевска за “Жени во собрание”, режија на Ќендрим Ријани, продукција на Театар Комедија.