2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Формирањето на Верско поверенство во НОБ е почеток на решавање на македонското црковно прашање, рече историчарот Литовски на свечената академија по повод 80 годишниот јубилеј

Октомври 28, 2023

Деновиве во организација на Комисијата за односи на верските заедници со свечена академија беше одбележан јубилејот 80 години од Верското поверенство формирано во услови на Народноослободителната војна која против фашистичките окупатори ја водеше македонскиот народ за своја национална слобода, државност, но и црковно осамостојување. Во 1943 година со создавањето на првата слободна партизанска територија во Дебрца , Охридско, меѓу другите мерки за организирање на општествениот живот, беа преземени активности за обнова на самостојноста на Македонската православна црква. Во оваа одлука, се сублимирани сите копнежи на македонскиот народ за овновување на Охридската архиепископија

-Фактички, со овие активности преземени од Главниот штаб и неговото Верско поверенство, започна решавањето на македонското црковно прашање врз македонска национална основа и тоа беше почеток на крајот од вековната борба на македонскиот народ да си ја врати својата слободна православна црква. Покрај тоа, и во пракса се покажа дека е целосно лажна и безвредна фашистичката антикомунистичка пропаганда, според која комунистичките безверници ги бесат, ги убиваат и ги малтретираат свештениците, односно дека ги уриваат и ги поганат црквите на сопствениот народ, рече историчарот проф. д-р Александар Литовски од Институтот за национална историја.

395962053 1494026418098268 6056472042291400597 n

На одбележувањето на 80 годишниот јубилеј присуствуваа сите поглавари и претставници од сите верски заедници и цркви. Директорот на Комисијата, Даријан Сотировски истакна дека 80 години по формирањето на Верското поверенство при Народно ослободителната војска и партизанските одреди се потсетуваме на тој исклучително важен чекор, чекор кој е прв во една низа дејствија и процеси коишто следат потоа, а резултираат со оформување на еден од значајните столбови на државноста на земјава.

396077421 1494026174764959 333730046307242391 n

„Со ова верско поверенство се зајакнува првата власт на првата ослободена територија на Македонија во време на Втората светска војна. Од Верското поверенство излегува и денешната комисија за односи со верските заедници како една од најстарите органи на државна управа, но и произлегуваат сите иницијативи кои значат денес, автокефална Македонска православна црква, возобновената наша древна катедра Охридска архиепископија, но и целокупниот модел на односите на современата македонска држава со сите верски субјекти во државата поставени на една квалитетна основа, онака како што и доликува на секоја современа и демократска држава“, посочи директорот на КОВЗРГ.

396090701 1494026361431607 4555116537910640597 n

На Свечената академија,  свои говори обраќање имаа и деканот на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, проф. д-р Дејан Борисов, како и Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан.

395960435 1494026284764948 256498279370958331 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани