2win800x200

Почина планинар на Пелистер, Тимот за интервенција на планина се обидува да стигне до телото

Ноември 19, 2023
Фото: НП Пелистер Фото: НП Пелистер
 
Регионалниот ЦУК Битола информира дека од  СВР Битола има известување  за починат планинар   кај месноста „Ловечка куќа“ на Пелистер. 
Според првите сознанија, се работи за повозрасно лице од Скопје (со иницијали А.С.).
 
Местото каде што е  пронајдено лицето е  на околу 2.000 метри надморска височина, според СВР местото е тешко пристпно. 
 
Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш ја извести Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од Битола за  тимот за интервенции во планински услови да  го транспортира  телото на починатиот  до првото место каде што може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.Тимот е на терен, но велат дека местото каде треба да се интервенира не е многу пристапоно бидејќи има снег. 
 
Екипа на МВР треба да изврши увид. 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани