2win800x200

Извлечено телото на починатиот планинар од Скопје на Пелистер

Ноември 19, 2023

Тимот за интервенција на планински услови го пронајде телото на починатиот планинар на Пелистер и го извлече од тешко пристапниот терен. Од СВР Битола соопштија дека по преземени мерки и активности утврдено е дека станува збор за С.А.(76) од Скопје кој бил дел од планинарска група која движела кон врвот Антена на Пелистер. Телото на починатиот скопјанец беше предадено на екипата на Итната медицинска помош, при што беше конанстирано дека се работи за смрт без видливи траги на насилство. Сепак, по насоки на јавен обинител, телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.

Планинарот од Скопје почина во близина на Ловечка куќа на висока околу 2000 метри. Во полиција било пријавено дека на тешко пристапен терен било пронајдено повозрасни лице, кое не давало знаци на живот. Веднаш биле известени ДЗС, ЦУК како и ОЈО. Дирекцијата за заштита и спасување го активираше Тимот за интервенција во планински услови кои и покрај снегот на Пелистер и тешко пристапниот терен успеаја да го најдат и извлечат телото. Екипа од СВР изврши увид на местото. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани