2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Дел од обиколницата каде се изведуваа градежни работи за изградба на топловодот се чисти и подготвува за асфалтирање. 

Февруари 29, 2024
 
Делницата кон кружниот тек на Дулие е во завршна фаза, а на потегот кон реката Драгор се поставуваат ивичници, по што следува асфалтирање и враќање во првобитна положба. Изградбата на овој крак од топловодот потоа продолжува по улицата Иван Милутиновиќ и ќе заврши пред Црн мост. На него во првата фаза ќе бидат приклучени сите државни и општински институции од овој дел на градот: општината, судовите, полицијата, Гимназијата Јосип Броз Тито...
Паралелно со ова, продолжуваат градежните работи и на кракот кој ќе носи топлинска енергија по улицата Партизанска. Во моментов, градежните работи на овој крак се одвиваат во близина на ОУ Коле Канински. 
 
FB IMG 1709206731089
 
Во завршна фаза се и подготовките за преминување на топловодот под реката Драгор, кај железниот мост. Тоа е уште еден многу специфичен зафат на кој работат стручните лица од фирмата изведувач. Веруваме дека и овој потфат ќе биде изведен професионално, брзо и ефикасно, како што беа изведени преминувањата на топловодот под Црна река, под регионалниот пат кон Новаци и под железничката пруга. 
 
FB IMG 1709206714256
 
Изградбата на топловодот во Битола е капитална инвестиција каква што немало во градот откако се изградија Стрежево и РЕК Битола и ќе обезбеди поефтино греење најпрвин за институциите во локална и државна надлежност, а потоа и за граѓаните.
 
FB IMG 1709206725470
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани