2win800x200

Утре во Битола-Тркалезна маса: „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“

Март 05, 2024

Тркалезна маса „Мали бизниси во сопственост на жени во Пелагонискиот регион“  ќе се одржи утре 06.03.2024 година (среда) со почеток во 13.00 часот во просториите на Europe House – Bitola.

На тркалезната маса учество ќе земат 15 млади жени и пет успешни претприемачки од Битола, Прилеп, Крушево и Могила. Панелистките ќе ја презентираат пред присутните нивната успешна бизнис приказна, како започнале во бизнисот и со какви предизвици се соочиле. По излагањата на панелистките, ќе се отвори дискусија со присутните. Настанот е предвидено да трае час и половина.

Оваа активност е во организација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и Europe House Bitola и истата има за цел да го промовира женското претприемништво пред младите жени, но и да ги вмрежи младите жени со сопственичките на бизниси.

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани