АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јавното претпријатие Комуналец, продолжува со активностите за разубавување на јавните површини во градот со соодветни цветни декорации, хортикултурно уредување и поставување на нова урбана опрема. Како дел од „Неделата на пролетта“, во тек е поставувањето на нови клупи и канти за отпадоци низ Широк сокак, а во Градскиот парк се врши соодветно уредување и подготовка на жардиниерите за засадување на нови цвеќиња.
„Неделата на пролетта“, деновиве ја одбележа и расчистувањето на дивите депонии, при што подигнати се над 280м³ отпад. Со активностите кои се реализираат оваа недела, општината и јавните претпријатија, настојуваат да придонесат за разубавување на градот и подигнување на јавната свест за заедничко дејствување и поголема грижа за чиста животна средина.
Објавено од А.Б