2win800x200

Потврдено-Весна Бендевска носител на пратеничката листа на ЗНАМ во Петката

Март 22, 2024

Движење ЗНАМ – За наша  Македонија в недела во Скопје  ќе ги претстави кандидатите за носители на листи за пратеници во шесте изборни единици за Парламентарните избори.

Според Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ органите на партијата, нејзините извршен и централен одбор, вчера со акламација ја донеле одлуката - 

Листата во Петтата изборна единица ќе ја предводи битолчанката Весна Бендевска, поранешна пратеничка и член на КСЗД, по професија психолог.

Бендевска беше во пратеничките клупи од 2008-2012 година, како опозиционер. 

Битолкста пратеничка ќе остане во колективната меморија на битолчани како вредна и конструктивна во настапите на Собранието, како исклучително активна на собраниската говорница, и остар критичар на тогашната власт. 

Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки. 

Носител на листата во Изборна единица 1 е Бобан Карапејовски, професор на Филолошкиот факултет на УКИМ, член на Извршниот одбор на Движењето ЗНАМ.

Носител во ИЕ2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово и претседател на Општинската организација на ЗНАМ во тој град. Во  ИЕ4 листата ќе ја предводи економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија и претседател на ОО на ЗНАМ во Струмица. За носител на листата во ИЕ6 е избран Небојша Захариевски, правник и претседател на ОО на ЗНАМ во Тетово.

 

А.Блажевска

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани