2win800x200

„Битолски весник“ шест децении весник на битолчани - Светилник на битолското и македонското новинарство

Април 29, 2024

„Племето наше е пиреј и не го ништи ни една војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“

Токму во оваа позната мисла на Петре М.Андреевски е содржана сета симболика на 6-децениското егзистирање, опстој и непокор на „Битолски весник“, битолскиот пиреј, како што многумина го нарекуваат.

в2

Оваа порака беше испратена до присутните на свечената академија во Битола, во саботата во Офицерскиот дом, каде се одбележа 60 годишниот јубилеј од „Битолски весник“ најстариот печатен локален медиум во Битола и свкупно во државата. 

Менде Младеновски, главниот и одговорен уредник на весникот, „Битолски весник“ го спореди со пиреј во медиумскиот простор, затоа што и покрај сите проблеми и предизвици, весникот успева да опстои.

439446904 449619417640303 6003381976918089277 n

Во весникот во последните дваесет години активно е вклучена и неговата помлада ќерка Васка М. Младеновска, новинар, која воедно работи и како дописник за „Слободен печат“. 

„'Битолски весник' во сите изминати шест децении од своето постоење, опстојал и останал простум, непокорно борејќи се против предизвиците на времето, храбро и достоинствено издржувајќи ги сите ветрометини, останувајќи доследен на себе и на сопствената цел – да биде весник на градот Битола, весник на битолчани. Битолски весник успешно се бори за својата слобода веќе 6 децении. Тој остана свој и ничиј и покрај желбите на некои да го присвојат, опстана и покрај турбуленциите на времето, опстана и остана доследен на професионалните и новинарските стандарди, на борбата за слободата на изразувањето и покрај обидите на некои да го замолкнат па дури и да го укинат“, рече главниот  одговорен уредник Менде Младеновски.

в4

Младеновски ги напомена новинарите и соработниците на „Битолски весник“  во изминатите 6 децении работа.

„Секоја среда, уште од далечната 1964 година, вработените во Битолски весник, со истиот жар и ентузијазам, со истиот трепет, ја вајаат својата мисла со новинарското перо, давајќи и душа и оставајќи неизбришлива трага во безвременоста на времетоКако што пијанистот го свири своето уметничко дело во виртуозен занес, така и новинарите на Битолски весник секоја среда уште од далечната 1964 година ја отсвируваат својата композиција од зборови и мисли, музицирајќи неуморно на типките на тастатурата, оставајќи печат во безвременската димензија на зборот, рече Младеновски, кој притоа нагласи дека сегашната редакција на Битолски весник со натчовечки напори го одржа Весникот, кој не престана да излегува дури и тогаш кога сите вработени беа заразени од Ковидот. За Битолски весник едни велат дека е сведок и хроничар на градот, некои велат дека е колективна меморија на Битола, а многумина рекле дека тој е Светилник на битолското и македонското новинарство“, рече Младеновски. 

Обраќајки им се на присутните директорката на Медија Прес ВМ, која е издавач на „Битолски весник“, Васка М. Младеновски истакна дека во наредниот период треба да се изнајдат начини и форми за одржливост на весникот, кој е вистински бренд на Битола. 

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи им го големиот јубилеј, нагласи дека Општина Битола, ќе продолжи да го поддржува напредокот на
весникот, давајќи посебно значење на објективното новинарско информирање и слободната мисла и говор.


„Битолски весник има посебно значење за Битола, затоа што овој весник истовремено претставува и хроничар на градот и културен промотор, но и информативно гласило, кое со децении ги доближува најважните информации до граѓаните. Како општина и понатаму ќе се залагаме весникот со својата препознатливост и единственост да продолжи успешно да функционира, затоа што само на тој начин можеме да го поттикнеме напредокот на професионалното новинарство без кое не можеме да одиме напред, ниту како општина, ниту како држава. Слободата на говорот и објективното информирање истовремено се и мотиватор за младите и сите граѓани, но и коректор и поттикнувач на промени кон подобро за политичарите и функционерите“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски,
на кого му беше врачена плакета во знак на благодарност за соработката и поддршката на „Битолски весник“.

в3

Во рамките на јубилејот, „Битолски весник“ ги изложи сите 59 укоричени весници, кои зборуваат за богатата архива која ја поседува весникот. Инаку прославата на роденденот на „Битолски весник“ започна со рециталот под наслов: “Битолски весник – нашиот пиреј“ што го подготви професорката по македонски јазик и литература Николина Поповска.

Во истиот учествуваат Николина Поповска, Ерзинџан Алиловска, Марија Наумовска, Марјан Тасевски и Владко Симоновски.

Прозниот текст е збогатен со стихови на Марија Младеновска – Димитровска, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов и Илче Стојановски.

На свеченоста со едноминутно молчење им беше оддадена оддадена почит и благодарност на новинарите и вработените во Битолски весник, кои не го дочекаа јубилејот: Владо Ласковски, Тоде Ѓоревски, Доне Пановски, Владо Додовски, Спиро Мачески, Тохомир Груевски, Панде Манојлов, Стево Гаџовски, Стојан Дамјановски, Кирил Георгиевски-Ѓаолот, Костадин Петровски, Мише Нечевски, Никола Камшиковски, Мери Ангелевска, Вида Стоилова.

На заслужни поединци, институции и компании кои  изминатите 60 години го помагале “Битолски весник“ им беа врачени плакети. Плакети добија: Општина Битола,проф. д-р Ѓорги Тоновски, АД ЕСМ, РЕК “Битола“, Синдикатот на РЕК Битола, Кромберг и Шуберт“, Прим. Д-р Таше Трпчевски, печатницата “ Киро Дандаро “ компанијата БИ МИЛК, претседателот на Управниот одбор на Славјанскиот Универзитет проф. д-р Јордан Ѓорчев, Националната библиотека Св. Климент Охридски, која ревносно се грижи за архивирањето на „Битолски весник“, Здружението на новинари на Македонија. По повод јубилејот 60 години од првиот број, „Битолски весник“ сними своја свечена песна.Текстот за песната го напиша, познатиот битолски текстописец Валентин Соклевски, музиката е на Николче Мицевски, а интерпретатори на песната се Сефедин Бајрамов, Ирена Митревска, Тина Мицевска, Христијан Тоневски и Трифун Костовски.Свеченоста на јубилејот ја збогатија младите музичари на Музичкото училиште Кристина Илиевска, Димитриј Стојчевски, Борјан Тасевски, Андреј Ристевски и Михаил Врклевски, а свој натап имаше и мешаниот хор на „Стив Наумов“ под диригентство на диригентската Лилјана Трајковска. 

в5

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани