АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за образование Јетон Шаќири, пред заминување и формирање на новата влада, ја исправи грешката и го врати Предраг Созовски за директор на ООУ „Св. Климент Охридски“ Битола. Ова значи дека Гордана Анастасова, досегашната вршител на должност и висок партиски функционер на СДСМ Битола не доби мандат да раководи со училиштето.
Напротив министерот Шаќири, деновиве за Созовски потпишал ново решение за вд-де мандат да раководи со училиштето. Созовски во септември 2022 беше избран за прв пат за директор на ООУ „Св. Климент Охридски“ во Битола. Тој е наставник по физичко воспитание и образование, избран од редот на вработените, познат спортист и спортски работик во Битола.