Општина Битола продолжува со работните активности и реализација на започнатите проекти на повеќе локации.
- Улицата кај „Лидл“ и „Блис“
Се изведуваат работни активности за изградба на улицата кај новиот маркет ,,Лидл,, и трговскиот комплекс ,,Блис,, за што беше воведен и привремен режим на возење.
Локалната самоуправа продолжува со реализација на реконструкција на општинскиот пат во населеното место Цапари,, со што ќе биде подобрена патната инфраструктура.
Општина Битола инвестира во подобрување на инфраструктурните услови како во урбаниот, така и во руралниот дел на општината, и продолжува со реализација на веќе започнатите проекти, се со цел подобрување на условите за сите граѓани на Битола.
Наскоро, општина Битола ќе отпочне со реализација и на други инфраструктурни проекти за кои веќе се склучени договори со оператори за изведба.