АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Опелото и погребот на новинарот Менде Младеновски ќе биде утре на 29.08.2024 во 12 часот во Храмот Св. Недела и Светонеделските гробишта, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во храмот Св. Недела од 10 часот.
Младеновски (69), почина вчера по кусо боледување. Тој беше долгогодишен новинар и главен и одговорен уредник на „Битолски весник“. Неговиот придонес во македонското новинарство е огромен, а меѓу колегите ќе остане запаметен како голем професионалец во новинарството кој целиот свој работен век му го посвети на „Битолски весник“.