АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ресторан од Битола е казнет поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок
Инспекторите на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) во вонредни контроли на трговски и угостителски објекти во Скопје и во Битола запленија и уништија 40 килограми храна и изрекоа соодветни казни за фирмите и нивните раководители.
Во координирана акција со Државниот пазаерен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот трудов инспекторат, вчера, АХВ спроведе вонреден инспекциски надзор и во Битола. Поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој градот изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.
Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.