2win800x200

Еве го сообраќајното решение за влезот на Битола од страната на Прилеп! Премините кај бензинските „Макпетрол“ и „Лукоил“

Септември 04, 2024
 влезот на Битола -Фото Петар Димитријевски за Бабам битола влезот на Битола -Фото Петар Димитријевски за Бабам битола

Што предвидува главно сообраќајното решение за влезот на Битола од страната на Прилеп. Премините кај бензинските Макпетрол и преминот кај Лукоил, даде одговор Општина Битола, откако читатели на АПЛА.мк дебатираа што е потребно да се направи при реконструкцијата на  влезот на Битола од северната страна, обнова  која е во тек.  

 

-Сообраќајното решение за влезот во Битола од страната на Прилеп е во согласност со проектната документација, односно предвидува изградба - реконструкција која според  проектот за инфраструктура – во средишниот дел ќе има разделно острово со ширина од 2,5 метри по две коловозни ленти, со ширина од 5,0 метри во кој ќе има велосипедска патека, пешачка патека и простор за зеленило.

Премините кај Макпетрол и кај Лукоил, ќе се затворат со разделно острово.

 

На нашаето прашње дали ќе се реконструира делот кај кружниот тек на Дулие и што се предвидува како сообраќајно решение за и околу трговскиот центар „Блис“  и  маркетот „Лидл“ што е во изградба, од Општина Битола појаснуваат-  

 

-Делот кај кружниот тек кај Дулие ќе се реконструира, согласно одобрениот сообраќаен проект во кој се интервенира во постоечките разделни острова, а кругот останува на истото место.

Градежните работи за реконструкција  на влезот на градот од страната на Прилеп се во тек, а од Општина Битола информираат дека „во моментот се работи на мешовита канализација (атмосферска и фекална). Во меѓувреме се врши широк ископ за изведба на коловозот во согласност со предвидениот проект. Следно треба да се постави цевкаст пропуст за одводнување на атмосферските води.“ 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани