АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Минатата недела во Охрид се одржа 67 по ред светски конгрес на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) на кој учествуваше и огранокот на ИПА од Битола чии претставници се Сашо Митевски, поранешен висок полициски службеник од СВР Битола и Александар Јовевски вработен во СВР Битола.
Целта на Интернационалната полициска асоцијација беше на едно место да ги собере полициските службеници претставници на асоцијациите од целиот свет, со крајна цел споделување искуства и градење силна глобална мрежа.
На настанот доминираше отворениот дијалог и тимската работа кои помогнаа да се направат значајни чекори напред во обликувањето на иднината на ИПА.
Гостите упатија благодарност до тимот на ИПА Северна Македонија за нивната извонредна организација и топлото гостопримство на овогодинешниот Светски конгрес во Охрид.
-Вашата посветеност обезбеди сè да се одвива без проблеми и го направи настанот навистина незаборавно искуство за сите нас. Да продолжиме да работиме заедно во духот на Servo per Amikeco – Услуга преку пријателство!, се пораките од претставниците на ИПА од целиот свет.
Светскиот конгрес на ИПА во 2025 година ќе се одржи во Краков, Полска!