2win800x200

Николче Котевски е назначен за директор на ФОД - Битола

Септември 25, 2024
Николче Котевски Николче Котевски

Николче Котевски е новоименуван директор на Фабриката за опрема и делови ФОД Битола, која е во рамките на АД ЕСМ.  

Котевски доаѓа од редовите на  Царинската управа на Македонија, каде е врабтен во 2015 година. Тој напредувал во виш цариник во царината во Битола, на Меџитлија и Прилеп.

Самостоен советник во секторот за надзор на иматели на одобренија и контролор во инспекциско тело за возила.

Котевски во периодот од 2009 до 2013 година беше советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Битола.

Котевски е актуелен секретар на ОК на ВМРО - ДПМНЕ во Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани