2win800x200

Александар Мирчевски е новиот директор на Топлификација Битола

Октомври 18, 2024

Александар Мирчевски, електроинженер од Битола  е поставен за нов директор на ЕСМ Топлификација Битола, одлучи УО на компанијата. Мирчевски доаѓа на местото на Горан Козаров назначен на позицијата пред неполни две години кога и се формира Топлификација. 

Во Битола проектот Топлификација е во тек на изградба и граѓаните го очекуваат како придобивка од економски и еколошки аспект.   

-Назначени се нови директори на компаниите основани од АД ЕСМ и подружницата „Енергетика“. Според одлуката на Управниот одбор, Марјан Милошевски, дипломиран машински инженер, е именуван за директор на подружница Енергетика. Али Исмаиљ, дипломиран инженер по компјутерски науки, ќе раководи со ЕСМ Снабдување со топлина, додека Александар Мирчевски, електроинженер, е поставен за директор на ЕСМ Топлификација Битола.
Компанијата им изразува искрени честитки на новоименуваните директори, со целосна поддршка и доверба во нивните способности за справување со претстојните професионални предизвици, информираа од компанијата.
 
Проектот Топлификацијата на Битола, Новаци и Могила, АД ЕСМ го реализира со кредит од германската KfW банка во вредност од околу 40 милиони евра, а дополнително компанијата инвестира 7 милиони евра сопствени средства. Топловодот го гради конзорциумот RBA Termo JV, составен од три реномирани фирми: АД Гранит, Рапид билд и бугарската фирма Атом енерго ремонт.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани