2win800x200

Две девојки најверојатно од странство со запуштен изглед спијат под ведро небо во ценарот на Битола

Ноември 01, 2024

Две девојки, најверојатно дојдени од некоја странска држава, со запуштен изглед, веќе неколку денови се забележуваат како седат со часови пред управната зграда на ЈП Пазари Битоа и во центарот на градот на Широк Сокак, како лежат под отворено небе кај дрворедите наспроти Центар за култура, велат битолчани за АПЛА.

Девојките во крајно незавидна состојба, запуштени, со тенка и извалкана облека и прекриени со лесни ќебиња на себе, без поголем багаж, веќе го привлекуваат вниманието на битолчани. Пазарџии и вработени од ЈП Пазари ни испратија фотографии како девојките седат на тротоарот од уличката каде се продава бижутеријата и велат дека таму се со часови, додека има сонце. Не разговараат со никого, а во вечерните саати се дислоцираат на Широк Сокак. Пазарџиите велат дека им даваат храна и овошки од она што продаваат, но бараат полицијата и надлежни служби да постапат, со оглед на тоа што тешко воспоставуваат комуникација со девојките. 

АПЛА се обрати до СВР Битола и побара инфомации од полицијата дали се запознати со случајот. Очекуваме повратна информација. 

 

А.Блажевска.

Фото АПЛА.мк 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани