2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Марковски компани“ работи во РЕК „Битола“ со сите власти, уште од 2012 година

Ноември 12, 2024

Ќе пропадне ли компанијата „Марковски компани“ ако не се тендерите во РЕК „Битола“? Ова е прашањето кое бизнисмени од Битола го поставуваат како контра прашање доколку ги запрашате каков статус има компанијата во градот и меѓу бизнис фелата во Битола.

Друштвото за трговија производство и услуги „Марковски компани Борче“ ДООЕЛ увоз извоз Битола, чии сопственик е битолчанецот Борче Марковски, формирана во декември 2002 година,  за цело време се поврзува само со работата или поточно кажано со тендерите во РЕК „Битола“, велат бизнисмени со кои разговараше „nezavisen.mk“. 

Марковски од 2016 година е почесен конзул на Белорусија во нашата земја, тој не се појавува ни на настаните поврзани со конзулската традиција во Битола, и остава впечаток на фамозен бизнисмен.

И покрај тоа што има голем дел од фирмите во Битола што се потпираат на тендерите во РЕК „Битола“ и така опстојуваат, сепак ниту една од нив не зависи само од еден субјект, велат познавачите на бизнис состојбите во градот. 

„’Марковски компани’ се доживува како фирма која е поврзана само со РЕК ‘Битола’, Независно која партија и влада е на власт таа функционира само на тој начин. Ја нема на друг начин и со други бизнис активности, или можеби ние како јавност тоа не го знаеме. Значи таа е фирма дистанцирана цело време од деловни активности, учество на бизнис средби во градот. Едноставно, никаде ја нема. Не знаеме ни дали воопшто соработува со други фирми од Битола“, велат бизнисмени од градот, познати на редакцијата.

Граѓански активисти од Битола кои често соработуваат со фирми од градот и градат доверба во заедницата, запрашани за општествената одговорност на „Марковски компани“ во Битола велат дека таа е исклучок од бизнис фелата.   

„Често во разговор констатираме дека и покрај што ‘Марковски’ врти милиони во евра, пари кои ги прави од РЕК ‘Битола’, не се сеќаваме дека покажале општествена одговорност. Најголем дел од големите фирми во градот ѝ враќаат на заедницата со донации, со видливи проекти, овде нема видливост“, велат познати граѓански активисти од градот во разговор за „Независен“. 

Целиот текст на https://nezavisen.mk/

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани