2win800x200

Уникатно – Вака Марија Магдалена му го честиташе роденденот на модниот бренд TAO.official

Декември 07, 2024
Марија Магдалена Петковска Микаровска Марија Магдалена Петковска Микаровска

На исклучителен и сензибилен начин Марија Магдалена Петковска - Микаровска му го честиташе третиот роденден на модниот бренд TAO.official чии творец е дизајнерот Александар Ортаковски.

Облечена во уникатно изработениот алов фустан со длабоки реси од најновата колекција „Македона“, Марија Магдалена избара да позира држејќи во прегратка штотуку родено јагне, како симбол на невиноста, чистотата, ранливоста и пожртвуваноста. Сензибилитетот со кој зрачи Марија Магдалена под секоја една снегулка, во секој еден момент од оваа модна приказна е мајсторски доловен од окото на фотографот Ивона Кочов, што севкупно испраќа порака на софистицираност и исклучителност.

М2

 „TAO.official слави три години, а јас ги славам дизајнерите кои не произведуваат брза мода. Во секое парче кое излегува со нивниот потпис ја вложуваат својата личност, креативноста до последен свој атом и храброста да пркосат во свет полн со конформизам. Симболиката на јагнето во христијанството го претставува Бог, истовремено со неговото страдање и триумфирање, со кое сакавме да ја претставиме македонската жена, која и покрај страдањата и тежините кои ги носела низ времето на својот грб, умеела да триумфира најмногу со простување и кроткост кон секој кој и грешел и наштетил. Истовремено, црвената боја ја претставува страста на животната сила, заедно со бавно движечките молекули кои создаваат триење, што создава топлина и претставува топлина и оган во работењето за подобро утре“, вака Марија Магдалена ги опишува мотивите за уникатната роденденска честитка.

М3

Марија Магдалена Петковска - Микаровска е професор по англиски јазик и основач на платформата „Ministry of Second Hand“.

Колекцијата „Македона“, беше промовирана ова лето како најнов модел подвиг на младиот и енергичен дизајнер, битолчанецот Александар Ортаковски. Секое парче од колекцијата е богато со културни мотиви, елеганција и традиција во една рамка на модерен уметник.

М4

м5

М 1

Текст А.Блажевска

фото Ивона Кочов 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани