2win800x200

Коњановски во посета на полицијата, пожарникарите и лекарите од Итната медицинска помош

Декември 31, 2024
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес посети повеќе институции во општината, со цел да ја согледа подготвеноста и екипираноста пред Дочекот на новогодишната ноќ.
Од службата за итна медицинска помош, територијалната противпожарна единица – Битола и СВР Битола, го информираа градоначалникот дека, како служби со 24 часовно работно време и во пресрет на празнувањата, остануваат максимално ангажирани и екипирани за да излезат во пресрет на потребите и барањата на граѓаните.
Сепак, апелираат да не се конзумираат големи количества алкохол, да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се користат пиротхнички средства, се во интерес на безбедноста на граѓаните и убави празници.

 

Можно е да е слика од 5 луѓе, болница и текст

Можно е да е слика од 3 луѓе

Можно е да е слика од 7 луѓе, амбулантно возило и текст

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани