2win800x200

„Први на први“ - Триесетина планинари ја доживеаја магијата на првото изгрејсонце на врвот Пелистер

Јануари 02, 2025

Триесетина планинари, членови на планинарскиот клуб „Олимпус Монс“ од Битола ја продолжија традицијата со ноќно искачување да ја дочекаат Нова година на врвот Пелистер. 

Планинарите од клубот „Олимпус Монс“ настанот го организираа по 14 пат насловен како „Први на први“ кој е дел од „Зимската приказна“.

-Патеката на искачување до врвот Пелистер е долга 13 километри, а стартувавме од Инфоцентарот на НП Пелистер непосредно пред полноќ. Искачувањето траеше повеќе од 5 часа а нашата намера беше да се дочека првото изгрејсонце во Новата 2025 година на Антена. Глетката  на првото изгрејсонце е неповторлива и треба  да се доживее, оти не може да се раскаже, изјави за АПЛА.мк  Иванчо Тошевски, претседател на планинарското здружение „Олимпус Монс“ и од неодамна директор на НП Пелистер. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани