2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ во мај ќе ги соопшти имињата на кандидатите за градоначалници на локалните избори 2025

Јануари 08, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во втората половина на мај од неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата да ги соопштат имињата на кандидатите за градоначалници.

Тој вели дека во ВМРО-ДПМНЕ веќе е почната внатрепартиската дебата и оти од општинските комитети се пристигнати предлози со имиња.

„Во моментот е во тек внатрепартиската дебата, веќе од страна на општинските комитети се пристигнати предлози со имиња што треба да се најдат на анкетите, на мерењата. Започнуваме во втората половина од јануари да мериме интензивно и очекувам да ги соопштиме во втората половина на мај некаде околу 85 до 90 отсто од имињата на кандидатите што ќе бидат за градоначалници што ќе ги предложи коалицијата ’Твоја Македонија’, односно ВМРО-ДПМНЕ“,

рече Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања 

„Што се однесува до останатите кандидати за градоначалници во другите општини, вклучително и овде во Штип, сè уште како партија и коалиција не сме донеле конечна одлука кои ќе бидат имињата“,

додаде тој.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани