
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Читатели на АПЛА.мк денеска се интересираа зошто се сечат дрвја во старата касарна во Битола, на позиции зад зградта Аурум. Од Општина Битола изјави дека се пробива нова улица согласно ДУП, а исечените дрвја ќе бидат заменеи со нови во непосредна близина на улицата.
-Општина Битола е во фаза на изградба на комплетна инфраструктура на улицата „СРУ 5“, согласно деталниот урбанистички план изготвен во октомври 2010 година. За потребите на реализацијата на проектот, со кој ќе се овозможи поврзување на улиците „Крушевска република“ и „Партизанска“, потребно е да бидат отстранети дрвјата во должина на трасата. Согласно законската регулатива и зелениот катастар, изготвен од Општина Битола, за секое дрво кое ќе биде отстрането, предвидено е засадување на најмалку 3 нови, на соодветна локација во непосредна близина, соопштија од Општина Битола за АПЛА.мк.