2win800x200

Ангелина Ангелевска-Илиевска е избрана за јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Битола

Март 07, 2025
Ангелина Ангелевска - Илиевска Ангелина Ангелевска - Илиевска

Ангелина Ангелевска-Илиевска е избрана за нов обвинител во Основното јавно обвинителство во Битола на денешната седница на Советот на јавни обвинители.  Советот денеска избра 31 нов јавен обвинител за 10 основни јавни обвинителства низ Република Македонија, а за Битола единствено е избрана Ангелевска-Илиевска.

Ангелина Ангелевска-Илиевска, дипломира на Правниот факултет „Јустинијан Први” на УКИМ, а магистрира на истиот факултет на Катедрата за граѓанско - процесно право на истиот во 2013. До запишување на Академијата, работеше во Министерството за финансии - Управа за имотно правни односи Битола. За обвинител избрана е како кандидат од осмата генерација за судии и јавни обвинители.

Во Основното јавно обвинителство во Битола раководител е основниот јавен обвинител Оливера Нечаковска, а тимот го сочинуваат и јавните обвинители Ирена Атанасовска, Марија Чурлиновска, Благој Димовски и Борче Коруновски. Од денеска ОЈО Битола се екипира и со ново избраниот јавен обвинител Ангелина Ангелевска-Илиевска

 

А.Блажевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани