2win800x200

Кркардаш - напомош Свети 40 маченици

Март 21, 2025
Фото Битола Инфо Фото Битола Инфо

Кркардаш е позната локација во северниот дел на Битола во населбата Баир. Според легендата на ова место се случила жестока битка помеѓу локалното население и освојувачката отоманска војска. Имено, отоманската војска во текот на 1382-1383 година во тешки и крвави борби, наспроти силниот отпор на локалното население, успеала да ја освои Битола. Според легендата, жесток отпор пружиле монасите од седумдесетте манастири и цркви што постоеле во тоа време во Битола. Евронос Хаџи Бег, кој бил на чело на отоманската војска револтиран од жестокиот отпор на локалното население, им дал три дена одврзани раце на своите војници да прават што сакаат во новоосвоениот град. Едно место каде што отпорот бил особено жесток, била тврдината која што ја бранеле “четириесетте браќа” (турски – kırk + kardaş). Од почит кон нивната храброст, ова место до ден денес е познато како Кркардаш и во спомен е подигната црквата “Св. 40 Маченици”.

На ова место голем број на битолчани го прославуваат првиот ден од пролетта, кога реки од народ се упатуваат до храмот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани