2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Ниту еден советник на комисиските расправи не гласал против новиот тарифник за превозниците

Октомври 06, 2018

Ниту еден советник, не само од власта, туку и од опозицијата не гласал против новиот тарифник за општинскиот линиски превоз на  расправите на   Комисиите  за финансии и буџет и за јавни и комунални дејности при општинскиот Совет,  што се одржаа вчера, потврдува за апла.мк претседателот на Советот, Валентин Груевски.

Советниците од владеачкото мнозинство ги поддржале измените и дополнувањата во тарифите, а опозицијата гласала воздржано. Измените во тарифите за општински линиски превоз доаѓаат паралелно со новиот начин на организирање на превозот, според кој ученицте ќе ги користат општинските и меѓуопштинските автобуски линии, наместо како досега да се распишуваат тендери за училишен превоз, по далеку повисоки цени од пазарните.

-Ниту во Комисијата за финансии и буџет, ниту пак во Комисијата за јавни и комунални дејности, немаше глас против. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку гласаа воздржано, рече Груевски.

Измените во тарифникот и одлуката за новиот начин на орагнизирање на училишниот превоз предизвикаа револт кај превозниците, кои преку писмен допис ја известија Општина Битола дека ќе протестираат пред општинската зграда в понеделник кога на дневен ред на седница на Совет се токму овие точки.  Се пожалија дека воопшто не биле констултиран за измените, а со предложените решенија ќе им се предизвика ненадоместлива штета и се заканија дека ќе  прекинат со вршење  превоз, поради економска неисплатливост. 

Сепак,  пртседталот на Советот , Валентин Груевски, вели дека превозниците на 10 септември биле повикани во Општина Битола, и од нив било побарано да достават свои сугестии, предлози и идеи, но ниту еден од нив тоа не го направил.

Превозниците регаираат на новите тарифи, иако  цените на билетите се корегирани и се нешто повисоки од досегашните, но, веќе ќе нема тендери кои ќе се распишуваат за училишен превоз. Инаку, повеќето од фирмите превознички кои се спроитиставуваат на новиот начин на организирање на училишниот превоз,  се обвинети во случајот „Транспортер“ на СЈО, заедно со поранешниот градоначалник Владимир Талески и бивши директори на училишта, токму поради неправлности при организирање на превозот за ученици.

Градоначалничката Наташа Петровска вчера рече дека нема да продолжат коруптивните зделки „до даска“ со превозот на ученици, алудирајќи на еден од прислушуваните разговори кој е дел од доказната постапка во слуачјот „Транспортер“

„Донесени се законски измени со кои превозот на учениците е овозможен со редовните линии и со цени како и за сите останати патници. Сите инстанци треба да ги почитуваат овие законски определби. Во таа насока се движи и општина Битола. Свесни сме дека во изминатиот период поединци, но и политички структури дебело се нафатираа на грбот на учениците. Парите кои завршуваа во приватни џебови треба да завршуваат за подобрување на условите во училиштата, санирање на дограма, тоалети, набавка на нагледни средства итн“, рече Петровска.

Таа посочи пример  дека веќе нема да има цена од 290 денари за превоз на ученик од селото Братиндол,  оддалечено неколку километри до Битола, туку според измените во тарифникот, што се планирани да се донесат во понеделник, едно возење до таму ќе чини 35 денари.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани