АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Возило на Управара за јавни приходи од Битола отпревртено е во реката Драгор во близина на управната зграда на УЈП, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено, дознава Апла.мк
Возилото ,,фијат панда" што се наоѓа во Драгор е отпревртено на покривот, искршена е каросеријата, а внатре се гледаат и документи.
Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.
На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП ,,фиат панди". Во близина е и зградата на Управата за јавни приходи во Битола, па вработените возилата ги паркираат на паркингот крај реката.
Утрово таму увид вршеа и лица вработени во УЈП.
Од СВР Битола за Апла.мк изјавија дека утрово имало сообраќајна несреќа, при што „мерцедес“ со битолски регистерски таблички удрил во двете паркирани возила, по што едното се отпревртило во реката, а другото останало на паркингот. Од полиција велат дека нема жртви и повредени туку причинета е само материјална штета.
Пред три години непознати лица им ги имаа издупено гумите на возилата на УЈП додека беа паркирани пред старата дирекција во Битола.