2win800x200

Општина Битола ќе ги рефундира трошоците за школски превоз (обновено)

Октомври 24, 2018

Со ребалансот на буџетот на Општина Битола издвоени се два милиони денари за да им се надоместат трошоците на родителите кои во изминатиот период морале од џеб да го плаќаат превозот на учениците, кој законски треба да е бесплатен.

 

Жители од село Бучин се собраа за време на денешната седница на Совет на која се гласаше ребалансот и се пожалија дека немаат пари да им плаќаат превоз на учениците за да дојдат на школо во средните училишта во Битола. .

„Еден месец еве децата не одат, не ги пуштаме, не се издржува. 150 денари денот само патот е. 20 дена 3000 денари, а не сме ни вработени, од каде пари? 17 деца се од Бучин, но не е само Бучин проблемот, туку Трновци, Ивањевци, од Бучин кон Битола, сите села, значи цел автобус деца “, рече Славе Кожановски од Бучин.

Од општинат изјавија дека на родителите ќе им се вратат средствата потрошени за превоз во изминатиот период. Директорот на секое училиште е должен на крајот на секој месец или на почетокот на наредниот да достави извештај за сите ученици на кои треба да им се исплатат трошоци за превоз до Секторот за јавни дејности во Општината. Извештајот треба да содржи список на ученици кои користеле превоз, бројот на денови и износ за исплата според донесени оригинални сметки. Секој ученик ќе треба да достави барање за враќање на трошоците, фотокопија од трансакциона сметка и лична карта на родител или стрател и оригинални фискални сметки.

„Претходно Општина Битола ги плаќаше превозните услуги за учениците, а во автобусите споротивно на законот се возеа и граѓани. Не постои меѓуопштински превоз меѓу Битола и Могила. Учениците се возеле без договори во сериозни временски рамки од учебната година. Доказен материјал за тоа има. Имате потпишан договор на 4.12.2015 година, а имате исплаќање на средства за превозни услуги од 1 септември 2015 година. Тоа е казниво по закон“, рече Петровска.

Таа додаде дека онаму каде биле потпишани договори, екс градоначалникот имал должност да формира тричелна комисија за следење на договорите, но таква комисија немало. Сите вработени во општината се потпишале и потврдиле дека не биле учесници во така комисија. 

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека ова нема да биде решение зашто дел од учениците доаѓале со сопствен превоз или не ги чуваат сите сметки

„Не се планираат да се рефондураат средства од изминатата учебна година, не се земени во предвид рефундирањето на трошоците што ги направиле родителите зашто дел од овие ученици патувале со сопствен превоз, дел од нив не ги чуваат фисканлинте сметки, отвораат дополнителни проблеми наместо постоечките да ги решаваат“, рече Иванчо Тошевски, координатор на советничката група од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани