Партиски и независни – принципиелни и тајни коалиции!?

Октомври 25, 2018

Репликата „партискиот начин на работа преовладува и не знам дали ќе има спас од ваквото функционирање “ искажана од независната советничка Габриела Илиевска на вчерашната седница,  предизвика сочна политичка кавга во битолскиот Совет. Претседателот на Совет Валентин Груевски од ЛДП, го возврати ударот нарекувајќи ја Илиевска „истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ, но на ова не остана имун советникот Ивачно Тошевски, од ВМРО-ДПМНЕ возвраќајќи дека тој не е за непринципиелни коалиции.

 

-Јас зборувам со бројки, се што кажав беше  факт, вие зборувавте со перцепции „ не слушнав, не сфатив, не видов, не сум упатен, не ми се допадна...“ не знам како ме доживувате, еве јас ве доживувам како истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ. Можеби тоа некому не му се допаѓа , но јас така ве доживувам ,како истурен играч на ВМРО-ДПМНЕ. Она што неможат да го кажат советниците на ВМРО-ДПМНЕ  ќе го кажите вие. Не зборувајте , партискиот начин на работа или не зам како. Вие во Советот дојдовте како член на политичка партија, после тоа станавте независна, не знам како ќе биде наредниот мандат. Колку што се сеќавам вие бевте член на ВМРО-Народна партија, рече Груевски.

- Да се препукувате политички е срамота, имате мнозинство во Советот и никој не ве запира да направите нешто поразлично од досега. Зошто се занимавате со мене?, му реплицираше на забелешките на Груевски , независната советничка од Поинаку , Габриела Илиевска.

-Колега Груевски, нели до некни бев истурен играч на СДСМ, сега вие сте истурен играч на СДСМ , така мене ми личи работата. На крајот на краиштата, не знам зошто толку се навредивте? Излезете и вие независен, станете советник, па можете да зборувате против партиите. Никој не ви брани. Знете од која година немате излезено сами? Треба да излезете колега да видите колкава поддршка ќе добиете во градот. Очигледно дека немате претстава луѓето како ве перцепираат сите заедно, бидејќи лесно е да дадеш ветување кога позади тебе стои партија. Излезете како поединец , дадете ветување , па потоа ќе разговараме.  Вие се изнервиравте , а не знам зошто, рече независната советничка Илиевска.

На споменувањето на „ВМРО-ДПМНЕ“ не остана рамнодушен советникот Тошевски, кој воедно е лидер на партијата во Битола.

-Што се однесува до непринципиелните коалиции што ги спомнавте , мислам дека цела македонска јавност беше сведок на непринципиелна коалиција „Зоран Заев-Вице Заев и Сашо Мијалков“, ако вие тоа го правите и е дел од вашето политичко делување , немате потреба да се сомневате дека и останатите го прават истото, рече Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани