Општината ја набави комплетната документација за реконструкција на Офицерски дом

Октомври 25, 2018

Општина Битола ја набави целокупната потребна документација за реконструкција на Офицерскиот дом и сега се подготвени за распишување на тендер за отпочнување на реконтруктивни зафати, соопшти градоначалничката Наташа Петровска на денешниот отчет за една година локална власт.

 

Петровска посочи дека реконструкцијата на Офицерскиот дом беше нејзино ветување на локалните избори кое рече дека ќе го реализира, а во изминатите месеци работела на собирање комплетната документација зашто сака да работи според законите.

„Офицерскиот дом го ветивме како приоритет во програмата и на пат сме да го реализираме. Веќе ја имаме цела потребна документација за реконструкција, која претходно ја немаше. Како поседна етапа од досегашните активности беше издавањето на градежната дозвола која помина во Министерството за транспорт и врски. Тој документ го имаме и сега сме подготвени за започнување на тендерска постапка, односно за распишување на тендер за отпонување на реконструктивни зафати. Ветивме и ќе го вратиме сјајот на Офицерскиот дом“, рече Петровска.

Нагласи дека се што ќе прави ќе биде врз основа на документација и законско.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани