АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поранешен вработен во Општина Битола, сега пензионер, утрово отишол во зградата на Општината и свирејќи со свирче ја најавил победата на Наташа Петровска на вчерашните локални избори.
Вработени во општината за апла.мк, велат дека пензионерот почнал да свири уште од влезната врата , па обезбедувањето не сакало да го пушти внатре поранешниот колега. Но сепак , тој влегол и од канцеларија до канцеларија ја најавил „радосната вест“, за градоначалничката смена. Пензионерот им најавил на поренешните колеги дека по теркот на Талески кој за советник за цело време покрај себе имаше пензионер, дека и тој би можел да се врати во општината како советник и да помогне со своето искуство.