2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ВО БИТОЛСКО СЕ ЧИСТАТ КАНАЛИ НЕ ИСЧИСТЕНИ НАД ДЕСЕТ ГОДИНИ

Декември 07, 2018

Интензивно се чистат каналите околу Индустриската зона Жабени, до новата железничка пруга кон соседна Грција, локации каде каналите не биле чистени повеќе од десет години. Акцијата за чистење на каналите ја спроведува фирмата „Битолско поле“, која го стопанисува, користи и одржува системот за одводнување во битолскиот дел на Пелагонија и која работи во состав на АД Водостопанство на РМ.

Според раководителите на оваа подружница, во изминатава 2018 година од страна на подружница „Битолско поле“ Битола на територијата на општина Битола се исчистени 23 одводни канали со вкупна должина од 25850 метри.

 

Во изминатите години поради неисчистената каналска мрежа, овој регион на Пелагонија редовно се поплавуваше.

Од подружницата велат дека во јануари и февруари се работело на Логовардскиот одводен канал, санација на насип на реката Шемница, одводните канали во селото Кукуречани, а во март и април на одводниот канал во Горно Оризари, заедно со интервентното чистење во селото Карамани. Во месец мај биле чистени одводниот канал во Студентскиот дом, на Стрежевски пат и во селата Крклино и Кукуречани. Во текот на летните месеци се чистеле одводните канали на патот за Грција во потегот меѓу селата Бистрица и Оптичари, на Новачки пат, Црнобуки, Горно Оризари, Драгожани и одводниот канал во близина на фабриката „Сокотаб“. Во септември и октомври, екипи на „Битолско поле“ ги чистеле одводните канали во селата Логоварди и Секирани и во населбата Боримечка. Во текот на месец ноември, се чистеле одводните канали во околината на село Бистрица.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани