2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВО БИТОЛА ИМА 590 ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, А САМО ТРИ ОД НИВ СЕ ЕКОЛОШКИ

Декември 21, 2018

Бројот на граѓански организации во Битола изнесува 590, меѓутоа бројот на активни здруженија е помал, пишува во Стратегијата за соработка на Општина Битола со невладиниот сектор. Од постоечкиот број на невладини организации само три се регистрирани како еколошки здруженија. 

 

Бројот на регистрирани граѓански организации во Општина Битола кое се регистрирани согласно новиот Закон за здруженија и фондации од 2010 година, во месец октомври 2018 година изнесуваше 590 организации.

Меѓутоа, подеталната анализа покажува дека бројот на активни граѓански организации (кои поднесле годишна сметка за 2017) е значително помал и изнесува 132.

Бројот на здружемнија кои поднеле одлука дека се ослободени од доставување на годишна сметка (имале годишен обрт под 2.500 евра) изнесува 262..

На крај податоците покажуваат дека 196 здруженија ниту поднеле годишна сметка за 2017 година, ниту поднеле одлука до Централниот регистар на РМ.

Од постоечките здруженија доминираат спортските на број 140,потоа се професионалните (струковите) здруженија 14, социјално хуманитарни здруженија 13, културни здруженија 12, фондации вкупно 9 и еколошки здруженија 3.

Од друга страна, најголем број граѓански прганизации коишто согласно класификацијата на Централниот регистар на РМ влегуваат во заедничка категорија (10.9 други општествени организации, фондации и здруженија на граѓани) и се повеќе од половината регистрирани, односно 399 организации. Тука спаѓаат младински организации, заштита на човековите права, родова рамноправност, здруженија на етничките заедници и счично.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани