АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Висината на снежната покривка во Битола, според податоците од УХМР, утрово во 7 часот изнесуваше 33 цм, со што е втор град со најмногу снег по Крушево каде снежната покривка е 36 цм. Најмалку снег има во Скопје, каде снежната покривка утрово во 7 часот изнесувала 4 сантиметри. Врнежите од снег продолжуваат и претпладнево, а според прогнозите, околу пладне ќе бидат уште позасилени, што дополнитлно ќе ја зголеми снежната покривка за 10 до 20 цм. Температурата во Битола ќе се се спушти до -5 степени.
Во петок ќе има пад на температурите, во Битола се прогнозираат -10 степени, а уште поголем студ со температури до -17 степени ќе има за време на викендот.
Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози и остатоци од кашест снег, по интевенциите на „Македонија пат“. Од таму предупредуваат дека со падот на температурите можна е појава на голомразица.
Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар - Кичево, преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид, преку планинскиот премин Пресека, патот Прилеп-Мак.Брод на планинскиот премин „Барбарос“ како и на патниот праевец Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).
Од 08.55.ч се укинуваат забраните за сообраќај на тешки товарни возила на патните правци Охрид – Ресен преку планинскиот премин Буково и Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато. Од 08.30.ч се укинува забраната за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан.