2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Екипи на „Водовод“ цела вечер на терен, се санираат дефекти на водоводната мрежа (видео)

Јануари 12, 2019

Екипите на ЈКП "Водовод" интензивно работат на санирање на настанатите дефекти на водоводната мрежа, јавија од претпријатието на својот фејсбук профил. Тие објавија и снимен материјал од санацијата на дефектот кај населбата Каланица во близина на Железното мовче каде се гледа дека се работи за сериозна интервенција. На снимката може да се види дека се интервенира со багери, ископан е асфалтот за да се стигне до испуканите цевки, а насобраната вода се исфрла во реката Драгор.

{Facebook}https://www.facebook.com/jkpvodovodbt/videos/vb.187011175403917/560576761072271/?type=2&theater{/Facebook}

Интервенциите се спроведуваат и преку ноќ со цел да се санираат дефектите што е можно побрзо, да нема загуба на вода и сите домаќинства да бидат непречено снабдени со потребните количествана вода.

Од „Водовод“ вечерва соопштија дека се појавиле четири дефекти на водоводната мрежа предизвикани по студот од промената на температурата и дека интензивно се работи на терен.   49330459 390958128342553 8262563302706511872 n

50125818 390958088342557 5697756670604607488 n

50023966 390958328342533 2028850037034844160 n

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани