2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ПЛАНИНАРИТЕ ВРТЕА МАЗНИК НА КОПАНКИ, НАЈСРЕЌЕН АДВОКАТОТ ГОРАН ДАМЕВСКИ

Јануари 13, 2019

Младиот битолски адвокат Горан Дамевски, планинар и еден од најголемите ентузијасти за обнова на планинарскиот дом „Копанки“, е годинешниот среќник кој го најде парето во мазникот што го вртеа членовите од Планинарско-спортскиот клуб „Пелистер“ од Битола. Околу педесетина планинари денес во помошните простории на Копанки вртеа сукан мазник со паричка за среќа во пресрет на православниот празник Василица. Ова е традиција која битолските планинари ја практикуваат околу 80 години, мазникот со паре наместо по градските кафеани да го свртат на планина.

Со години, парето се вртело во планинарскиот дом „Копанки“, но откако тој изгоре и уште не е обновен, обичајот се прави во други простории или на отворено, но важно да е на Пелистер. Годинава при вртењето на мазникот планинарите си посакаа в година празникот да го чекаат во обновен планинарски дом.

Среќлијата Дамевски пак, се надева дека парето ќе му донеси успех во искачувањето на врвот Мон Блан за што итнезивно се подготвува.goran damevski

Инаку, битолскиот планинарски клуб бил формиран во 1936, а како основачи се спомнуваат Борис Алтипармак, првиот директор на Националниот парк Пелистер и Чехот Јан Дубови, поранешен општински архитект. Уште од тоа време останала традицијата да се врати мазник на Пелистер. Адетот денес го продолжуваат новите генерации, а меѓу членовите на ПСК „Пелистер“ денес на празничната софра имаше и дечиња од неколку години.

Многу брзо по формирањето на друштвото организирале натпревари кои до денес не се повторени. Ски натпревар од Детското одморалиште до врвот Пелистер, преку Големо и Мало Езеро, Неолица до Битола, во траење од 17 до 18 часа, иако тогаш немале соодветена ски опрема. Ова се смета за најстаро национално планинарско друштво во земјава, кое работи со непрекинат континуитет од 1936, само што низ годините името „Пелагонија “ било променето во „Пелистер“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани