2win800x200

Ана Крбалеска, единствената девојка која годинава скокаше по крстот во Битола

Јануари 19, 2019

И девојка денес скокаше по светиот крст во базенот кај црквата Свети Димитрија во Битола. Со години ова беше само машка традиција, а Ана покажа дека и девојките можат да учествуваат рамноправно во церемонијата. Таа беше единствената девојка меѓу триесетемина машки кои скокнаа во базенот..


„Ова ми беше првпат да скокам по крстот, не ми претставуваше проблем што бев само јас девојка, немам предрасуди околу тоа. Планирам да скокам и следните години. Учествував за здрвје, знаев дека ќе се чувствувам многу убаво по ваквиот чин. Не целев кон крстот, туку сакав само да учествувам“, изјави Ана Крбалеска за Апла.мк
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани